Skip to main content

Од утре драстична промена на времето

Денес не очекува сончево време со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, информираат од Управата за хидрометеролошки работи. 

Утринските температури ќе се движат од 8 до 19 степени, додека дневните ќе достигнат од 27 до 34 степени.

Во Скопје се очекува сончево време со мала до умерена облачност и слаб до умерен северен ветер. Минималната температура ќе биде околу 13 степени, а максималната ќе достигне 32 степени.


Според прогнозата на УХМР, веќе во петок ќе настапи промена на временските услови под влијание на влажен бран. Се очекуваат повремени врнежи од дожд, локално и пообилни, со повеќе од 15 литри на квадратен метар. На одделни места врнежите ќе бидат проследени со грмежи и засилен ветер, а температурите значително ќе се намалат.

За време на викендот времето повторно ќе се стабилизира. Утринските температури ќе бидат пониски, додека дневните постепено ќе бележат пораст. Нова локална нестабилност со можност за дожд и грмежи повторно се очекува во понеделник.

Поврзани вести