
Пред натпреварот од Суперкупот на УЕФА против Астон вила, тренерот на ПСЖ, Луис Енрике, истакна дека парискиот тим сака да го покаже својот најдобар настап.
– Имав можност да се одморам, полн сум со енергија и среќен сум што се вратив на работа. Тренираме веќе две недели, а играчите постепено се враќаат во акција. Пред нас е уште едно финале, многу важен натпревар. Се надевам дека ќе можеме да одиграме најдобро што можеме. Среќни сме што сме тука бидејќи тоа значи дека работевме напорно минатата сезона. Тешко е да се каже во моментов на кое ниво сме и каква ќе биде новата сезона, но сме возбудени. Главната работа е да бидеме во врвна форма на крајот од сезоната, но сè започнува со Супејупот, изјави Енрике во пресрет на натпреварот.
Почетокот на мечот е закажан за вечер во 21 часот на „Ред Бул Арена“ во Салцбург.

Македонски


