Skip to main content

ПСЖ донесе топ засилување-Феран Торес

Херојот на финалето на Мундијалот Феран Торес е новото засилување на европскиот првак ПСЖ откако го потпиша договорот до 2031 година. Тој во ПСЖ ќе настапува во дресот со број 9.

–  Среќен сум што почнувам нова авантура во амбициозен клуб како ПСЖ. Благодарност до претседателот Насер Ал-Келафи, Луис Кампос и до тренерот Луис Енрике што ми дадоа шанса да се приклучам на екипата, се надевам на освојување на што е можно повеќе пехари, изјави Торес.

ПСЖ на Барселона и плати 50 милиони евра, а пред да настапува за Барселона беше дел од екипите Манчестер Сити и Валенсија.

Поврзани вести