Skip to main content

Ѓорѓиевски: Водата во Скопје е безбедна за пиење и нема никаква ешехерија коли или други бактерии

Водата во Скопје е безбедна за пиење и нема никаква ешехерија коли или други бактерии, нагласи денеска на прес-конференција скопскиот градоначалник Орце Ѓорѓиевски.

Тврди дека станува збор за ширење злонамерни дезинформации и создавање хистерија. Тој најави одговорност за оние кои со тоа ја вознемируваат јавноста и предиздивикуваат паника кај наслението. Не исклучува зад тоа да стојат и обиди за политичко профитерство од одредени структури.

Градоначалникот Ѓорѓиевски на самата прес-конференција испи чаша вода од скопскиот водовод за да им докаже на граѓаните дека водата од чешмите во Скопје е безбедна за пиење.

Посочи дека надлежните служби постојано вршат анализи кои покажуваат дека водата во Скопје е квалитетна и безбедна за пиење.

Поврзани вести