Skip to main content

Дали Астон Вила може да дојде до вториот европски трофеј?

– Тренерот на Астон вила, Унаи Емери, пред натпреварот од Суперкупот на УЕФА против ПСЖ истакна дека очекува вистински предизвик за неговиот тим.

– Натпревар против тим како овој, со тренер и играчи на толку високо ниво, е вистински предизвик. Обожавам да играм против најдобрите бидејќи тоа ми помага да станам посилен. Користам сè што научив и целото мое искуство за да се подобрам и сум задоволен од тоа како сите во клубот се стремат да се развиваат. Ќе се бориме. Нема да го имаме нашиот најдобар состав, но ПСЖ е во иста ситуација. Ќе се обидеме да го покажеме нашето најдобро, но ПСЖ останува фаворит, изјави Емери за веб-страницата на УЕФА.

Натпреварот ПСЖ – Астон вила ќе се игра на „Ред Бул Арена“ во Салцбург вечер со почеток во 21 часот.

Поврзани вести