
Екипите на Астон Вила и Фрајбург се изборија за пласман во финалето на Лига Европа откако синоќа постигнаа победи на реванш полуфиналните дуели. Во пресметката на премиерлигашите и поранешни европски шампиони Астон Вила го победи Нотингем Форест со 4:0.
Астон Вила поведе со голот на Оли Воткинс во првиот дел и на тој начин ја анулираше предноста на ривалот од првиот натпревар. Во второто полувреме на 2:0 од пенал зголеми Емилијано Буендиа, а со двата гола на Џон Мек Гин беше поставен конечниот резултат од 4:0.
Бундеслигашот Фрајбург ја искористи предноста на домашен терен и исклучувањето на Марио Дрогелеш во 9.минута и ја победи Брага со 3:1 или вкупни 4:3. Фрајбург успеа да стигне до водство од 3:0, а Брага само го ублажи поразот.
Екипите на Кристал Палас од Англија и на Рајо Ваљекано од Шпанија ќе играат во финалето на Конференциската лига што ќе се игра на 27. мај во Лајпциг.
Премиерлигашот Кристал Палас и во реваншот постигна победа против украински Шахтјор со 2:1 и со вкупни 5:2 го елиминира ривалот. Кристал Палас поведе со автоголот на Педро Хенрик во 25. минута, а изедначи Егиналдо во 34. минута. Конечните 2:1 ги постави Исмаила Сар во 52. минута.
Рајо Ваљекано и во реваншот како гостин постигна победа од 1:0 против француски Стразбур. Стрелец на единствениот гол беше Алемао во 42. минута

Македонски




