Skip to main content

Изненадувачки двојки на Мастерсот во Монтреал

 Американскиот тенисер Бен Шелтон го победи Чехот Јакуб Меншик во четвртфиналето на турнирот во Монтреал, Канада со 6:3 и 6:1. Шелтон во полуфиналето ќе се соочи со сонародникот Лернер Тиен, кој во четвртфиналето беше поуспешен од Шпанецот Даниел Мерида со 6:3 и 6:2.

Во другото полуфинале, Шпанецот Рафаел Ходар ќе се соочи со Американецот Брендон Накашима.

Наградниот фонд на турнирот изнесува 9,4 милиони долари

Резултати на четвртфиналните мечеви:

Рафаел Ходар (Шпанија) – Артур Филс (Франција) 7:6 (7:5), 6:3

Брендон Накашима (САД) – Лучијано Дардери (Италија) 6:2, 6:3

Бен Шелтон (САД) – Јакуб Меншик (Чешка) 6:3, 6:1

Лернер Тиен (САД) – Даниел Мерида (Шпанија) 6:3, 6:2.

Поврзани вести