Skip to main content

Ракометна традиција: Почнува струшкиот турнир

На отвореното игралиште „Горан Попоски – Бабец“ денес стартува традиционалниот меѓународен ракометен турнир „Струга 2026 – Вангел Баљукоски – Баљук“.

Годинава на турнирот ќе настапат шест екипи, поделени во две групи. Во групата А се Вардар, Бутел Скопје и Прилеп, додека во групата Б ќе играат домаќинот Струга, Охрид и српскиот претставник Дубочица од Лесковац.

– Струга е најубава кога трибините се полни! Ги повикуваме сите стружани, љубители на ракометот и гости на градот – дојдете на игралиштето и бидете дел од атмосферата што со децении го прави овој турнир посебен. Вечерва се гледаме на ракомет покрај Црн Дрим! – стои во апелот на организаторот на турнирот.

Денешната програма ќе биде отворена во 18:30 часот со натпреварот Вардар – Прилеп.

За 20 часот е закажано Свеченото отворање.

Од 21:15 часот во соседското езерско дерби ќе се соочат Струга и Охрид.