Skip to main content
Легендарниот македонски рок бенд одржа концерт во Скопје

„Срцевина“ како носталгичен провев низ творештвото на Архангел и прослава на 44 години творештво на Ристо Вртев

Легендарниот македонски рок-бенд Архангел на Стадионот на АРМ во Скопје приреди музички спектакл насловен „Срцевина“. Беше тоа концерт полн со носталгија, што соодвествуваше на тоа што настапот значеше одбележување 44 години музичко творештво на фронтменот на групата, Ристо Вртев.

Својот настап Вртев го почнаизведувајќи ја „Милион долари“ заедно со специјалните гости на ова музичко случување, Васил Хаџиманов и неговиот бенд, а потоа кога Архангел излезе на сцената, на публиката и пунуди пловидба низ најголемите хитови, од своите албули „Архангел “ 1 и 2, „Срцевина“, „Небесна машина“. На стадионот на АРМ ѕунеа , „Сениште“, „Убер Македонише“, „Нова вера, нова библија“, „Војна“, „Нож“, „Чудесен свет“ … песни кои со децении се култен дел од колективната меморија на македонската рок-сцена.

Набојот на емоцици го достигна врвот кога во моментите кога почнаа првите акорди од „Срцевина“, присутните на концертото почнаа самите да ги пејат стиховите од песната, нешто што Ристо Вртев им го дозволи пред да им се придружи и заедно, во еден глас да ја доведе песната до крај.

Се на се, концертот донесе силна емоција и носталгија, но и поглед кон иднината преку изведба на нов материјал од претстојниот петти студиски албум на групата, со што се исполни замислата на организаторите, ова случување насловено „Срцевина“ да биде спој на минатото, сегашноста и иднината на „Архангел“. А, со својот настап во Скопје, бендот потврди дека засекогаш ќе остане едно од највлијателните имиња на македонската рок сцена