
Израелските одбранбени сили (ИДФ) ги предупредија жителите на 29 села и градови во јужен Либан да се евакуираат пред израелските воздушни напади.
На жителите на 16 градови им беше наложено да се евакуираат најмалку еден километар од своите домови, додека на оние од 13 други градови им беше наредено да се упатат северно од реката Захрани, објави „Тајмс оф Израел“.
Со оглед на кршењето на договорот за прекин на огнот од страна на Хезболах, ИДФ е принудена да дејствува против него со сила“, предупреди портпаролот на ИДФ, полковник Авичај Адраи.
Како што објави Ал Џезира, беа издадени предупредувања за 25 места во округот Набати и четири во Сидон.

Македонски



