Skip to main content

Сопружници во Драчево се пријавиле еден со друг во полиција поради насилство

МВР

Утрово во 04:00 часот во СВР Скопје 35-годишна жена пријавила дека претходно вечерта околу 21:00 часот во домот на подрачјето на Драчево, физички била нападната од нејзиниот 33-годишен сопруг, се наведува во полицискиот билтен.

Исто така, околу 04:30 часот тој пријавил дека во домот, неговата сопруга му упатила закани и физички го нападнала.

По целосно документирање на случајот, ќе следуваат соодветни поднесоци.

Поврзани вести