
Германскиот претседател Франк-Валтер Штајнмајер му посака „благосостојба и добро здравје“ на американскиот претседател Доналд Трамп по повод неговиот 80-ти роденден, користејќи ја приликата да упати апел за трансатлантското партнерство.
За многуте предизвици на Вашата функција, Ви посакувам и мудрост, доверба и позитивна сила која произлегува од уставот и од долгата демократска историја на Вашата земја“, напиша тој во писмо, соопшти кабинетот на Штајнмајер .
Тој потсети на германските корени на дедото на Трамп, кој емигрирал во Соединетите Држави од германскиот регион Пфалц, пренесе ДПА.
Генерации храбри емигранти беа тие што некогаш ја напуштија својата татковина и изградија нешто извонредно во Америка – придонес што ја збогати историјата на двете земји“, напиша германскиот претседател.
Тој додаде дека токму семејните приказни, како онаа на Трамп, „го обликуваат нашето трансатлантско партнерство на посебен начин и ги поврзуваат нашите земји низ генерациите“.
Да го негуваме наследството на оваа блиска врска меѓу нашите две земји и да продолжиме да ја унапредуваме трансатлантската размена.“
Откако ја презеде функцијата минатата година, Трамп ги затегна односите со традиционалните европски сојузници на неговата земја преку своите царински политики, неговите територијални претензии кон Гренланд и неговиот став за војната во Украина.
Тој неодамна влезе во конфликт и со германскиот канцелар Фридрих Мерц, кој ја критикуваше војната во Иран. Како одговор на тоа, Трамп најави повлекување на дел од американските војници стационирани во Германија.

Македонски



