Skip to main content

Можна е и регистрација на тротинетите, покрај забраните, најави Тошковски

Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, во гостувањето во емисијата „Топ Тема“ на Телма ТВ, најави серија реформи и засилени контроли во сообраќајот. Министерот сподели загрижувачка статистика за изминатиот месец, каде што од 12 жртви во сообраќајот, дури 5 се мотоциклисти. Тој нагласи дека полицијата ќе дејствува „максимално репресивно“ кон оние кои „дивеат“ по улиците.

За тројца од загинатите сум сигурен дека не носеле кацига. Ги замолувам сите кои управуваат мотор – секогаш носете кацига! Кацигата не се носи заради другиот, туку заради себе, таа спасува живот, потенцираше министерот.

Електричните тротинети се посочени како огромен безбедносен предизвик. Тошковски откри дека веќе се консултирал со голем број амбасадори за искуствата од нивните земји и најави законски измени.

Овде мислам дека треба да одиме со порадикално решение во дел на забрани, старосна граница за управување и можеби регистрација. Тротинетите се огромен проблем од аспект на безбедност во сообраќајот и се надевам на конкретни решенија во најбрзо време, најави тој.

Поврзани вести