Skip to main content

Настанот кај Смилковци е класифициран како убиство, истрагата е во рана фаза, информира Тошковски

скриншот Телма

Настанот кај Смилковци е класифициран како убиство, истрагата е во рана фаза, информира денеска министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, посочувајќи дека заасега не може да открива повеќе детали, бидејќи постапката е во почетна фаза.

Не можам да кажам детали. МВР го класифицираше настанот како убиство, но се уште сме во рана фаза, изјави Тошковски.

Тој воедно информира дека во „Макстил“ се обезбедувааат материјални докази за постапката која се води во Јавното обвинителство.

Тошковски при тоа не прецизираше дали станува збор за еколошки или економски криминал.

Постапуваме по наредба на Јавното обвинителство. Се обезбедуват докази кои што со Јавното обвинителство биле утврдени дека треба да бидат обезбедени. За сите чекори кои ќе следат во иднина навремено ќе ја информираме јавноста, рече министерот Тошковски.

Поврзани вести