
Вечерва со почеток од 19 часот во Музејот на македонската борба во Скопје ќе биде промовиран вториот том „Македонци“ од проф. д-р Бранислав Светозаревиќ.
Во книгата се откриваат ексклузивни факти за постоењето на Македонците, Македонија и македонскиот јазик низ вековите, за непроценливите историски вистини за писмата и укази на Цар Леополд за привилегирана заштита на МАКЕДОНЦИТЕ од 1690-та година, за неостварената идеја за создавање МАКЕДОНСКО КНЕЖЕВСТВО во 1878-та година, факти соддржани во новиот, втор том на „МАКЕДОНЦИ, сведоштва за идентитетското име и јазикот (1453-1944г.)“ и за неговата јасна демистификација на бугарските лаги и мистификацијата во антимакедонските авантури на Милетич и Селишчев кои Бугарите со децении ги користат како „оче наш“ во ударот врз македонската вистина во „Писма на Љубомир Милетич до Афанасиј М. Селишчев (историја на една мистификација)“.

Македонски


