
Од 21 до 24 мај 2026 година, Здружението за културна соработка Интеркултура Скопје ќе биде домаќин на меѓународниот фестивал “PASS- Pass the Street (Art), Shake the Hand”, европски проект кофинансиран од програмата Креативна Европа на Европската Унија, кој преку улична уметност, мурали и јавен дијалог ја промовира социјалната кохезија, инклузијата и културната размена помеѓу различни заедници.
Во рамки на фестивалот, меѓународни уметници од различни европски земји ќе работат на изработка на големи мурали во соработка со локалната заедница, а посетителите ќе имаат можност активно да се вклучат во креативниот процес, работилници, панел-дискусии и активности посветени на уличната култура и современата уметност.
Фестивалските активности ќе се одвиваат на 23 мај 2026 година во Театар Комедија, каде меѓународни и локални уметници ќе реализираат програма посветена на уличната култура, современата уметност и јавниот простор.
Фестивалот PASS има за цел преку уметноста да отвори простор за дијалог, разбирање и заедничко создавање, поврзувајќи различни култури, генерации и заедници преку јазикот на уличната уметност

Македонски


