Skip to main content

Мултимедијална изложба „Од глаголица до светлина: Визуелна ода за Св. Кирил и Методиј“ во Братислава

„Од глаголица до светлина: Визуелна ода за Св. Кирил и Методиј“ е современа мултимедијална изложба инспирирана од духовното и културното наследство на Св. Кирил и Методиј, глаголицата и словенската писменост. Преку современ визуелен израз, проектот создава дијалог помеѓу традицијата и современата уметност.

На изложбата ќе бидат претставени дела од македонските уметници Александра Костадиновска, Ана Митевска, Ангел Коруновски и Лазе Трипков, реализирани низ сликарство, фотографија и дигитални медиуми.

Проектот е во организација на Здружението Архифакт, под водство на Јасминка Намичева, а куратор е Кирил Пенушлиски.

Отворањето ќе се одржи на 27 мај 2026 година во 17 часот во Národné osvetové centrum во Братислава, а изложбата ќе биде поставена до 16 јуни 2026 година.

Проектот е реализиран со поддршка на Амбасадата на Република Македонија во Братислава, Министерството за култура и туризам и Národné osvetové centrum.

Поврзани вести