Skip to main content

„Филм под отворено небо“ кај Споменикот на слободата во Кочани

Од 15 до 17 мај, Споменикот на слободата во Кочани ќе се претвори во кино под отворено небо, каде публиката бесплатно ќе може да проследи пет македонски филмови во рамки на настанот „Филм под отворено небо“.

Настанот е организиран од ЛМС – Кочани , со поддршка од Европската унија, со цел збогатување на културниот живот во градот и создавање простор за заеднички филмски доживувања за сите генерации.

В петок, на отворањето во 18 часот ќе биде прикажан анимираниот игран филм „Јон Вардар против галаксијата“ на Гоце Цветановски, а во 21 часот „Медена земја“ на Љубо Стефанов и Тамара Котевска. Следниот ден, на 16 мај во 18 часот е „Диџеј Ахмет“ на Георги М. Унковски, а во недела на 17 мај ќе биде прикажани „Година на мајмунот“ на Владимир Блажевски (18 часот) и „Трето полувреме“ (21 часот) на Дарко Митревски.

Поврзани вести