Skip to main content

Во ОУ „Св. Кирил и Методиј“ од Кочани презентирани активности од проектот „Вештини – клучот за зелената економија““

Во ООУ „Св. Кирил и Методиј“ од Кочани денеска беа презентирани дел од активностите предвидени со проектот „Вештини – клучот на зелената економија“, во чии рамки се спроведуваат обуки за собирачи на билки и шумски плодови и за дизајн на домашни билни градини.

Проектот е поддржан од Амбасадата на Словенија во Македонија, Министерството за надворешни и европски работи на Словенија, МРК Дијалог / Центар за истражување на природата и културата NATURE EXPEDITION и од Општина Кочани.

На презентацијата присуствуваше и амбасадорот на Република Словенија во Македонија, Грегор Прескер. 

Мислам дека нашата цел е остварена, затоа што преку овој проект природата се доближува до учениците. Тие самите видоа дека од природата излегуваат многу убави производи, видоа дека на тој начин можат да се креираат многу бизниси“, рече словенечкиот амабасадор Прескер при посетата на кочанското ОУ „Св. Кирил и Методиј“.

Во текот на изминатите три дена, носителите на проектот реализира ботанички работилници со 55 ученика од четврто и седмо одделение од ОУ „Св. Кирил и Методиј“, при што краен резултат е брендирање зачин од билки од Осоговијата кој ќе го носи името КИМтим. 

Поврзани вести