Skip to main content

Николоски: Автопатот Охрид – Кичево ќе се заврши во рок, обвинувањата се невистини и манипулации

Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски обвини дека, како што рече, „самопрогласени синдикални лидери“ шират невистини и манипулации во врска со изградбата на автопатот Охрид – Кичево.

Во објава на социјалните мрежи, тој ги отфрли тврдењата дека проектот ќе чини милијарда евра или дека нема да биде завршен, оценувајќи ги како неосновани.

„Без ниту еден факт. Нула. Само да се каже нешто“, наведува Николоски, додавајќи дека јавноста не треба да биде, како што вели, „замајувана“ со вакви информации.

Тој тврди дека автопатот ќе биде завршен во предвидениот рок и дека во моментов се работи со засилена динамика.

Притоа, Николоски посочи дека во изминатите години, за време на владата предводена од Зоран Заев, проектот стагнирал, додека, според него, сегашната влада предводена од Христијан Мицкоски работи интензивно.

Како доказ за ангажманот, тој наведе дека и во недела навечер имал работен состанок во Министерството за транспорт посветен на изградбата на автопатот.

„Ќе го завршиме на време и сите ќе му се радуваме“, напиша Николоски.

Поврзани вести