Skip to main content

Забележано мрзнење на лозјата по должината на реката Вардар 

По изминатите два дена, кога во вечерните часови температурата се спушти под 0, направен е увид на дел од лозовите насади, каде што веќе се забележуваат мрзнења на лозјата, особено по должината на реката Вардар. За ова попладнево информираше градоначалничката на Неготино, Марија Нацева. 

Ќе ја следиме ситуацијата оваа недела и доколку се процени дека има оштетувања, Општина Неготино ќе формира комисија за констатирање на состојби предизвикани од елементарни непогоди“, сподели Нацева на нејзината Фејсбук страница. 

Во текот на вчерашниот и денешниот ден, штети од ниски мајски температури има и во кавадаречко и во росоманско.

Поврзани вести