
Најверојатниот нов премиер на Унгарија, Петер Маѓар, побара од Украина да спроведе проширување на правата на унгарското малцинство во земјата како услов за почнување преговори за членство во ЕУ. со таквото барање, Маѓар го повтори ставот што претходно го истакнуваше досегашниот ургански премиер, Виктор Орбан, објави „Блумберг“.
Како што пишува агенцијата, ЕУ врши притисок врз Унгарците да го укинат „стопот“ што го наметна владата на Орбан за официјалниот почеток на преговорите за членство на Украина.

Сепак, според „Блумберг“, Унгарија поставува услови што всушност го повторуваат списокот од 11 барања што ги постави премиерот Виктор Орбан во 2024 година.
Будимпешта бара пристап до образование на унгарски јазик, создавање претставништво за етничките Унгарци во Врховната рада со право да зборуваат на унгарски јазик и други барања.

Македонски


