
Спасувачите од под урнатините извлекоа тела на уште две лица загинати во нападот на украинските вооружени сили врз студентски дом во Старобелск во самопрогласената Луганска Народна Република (ЛНР), со што бројот на жртвите порасна на 18, соопшти денеска прес-службата на руското Министерство за вонредни ситуации.
„Уште две тела се извлечени од под урнатините. Вкупниот број на загинати е 18, а ранети се 60 лица. Прелиминарните проценки укажуваат на тоа дека уште три лица би можеле да бидат под урнатините“, се наведува во соопштението.
Ноќта меѓу 21 и 22 мај украински дронови погодија универзитетски објект и студентски дом на Луганскиот педагошки универзитет во местото Старобелск.
Во седиштето на Обединетите нации во Њујорк вчера на барање на Русија се одржа итна седница на Советот за безбедност за заканите по меѓународниот мир и безбедност по украинскиот напад со дрон врз студентскиот дом во Старобелск во Луганската област која е под контрола на Руската Федерација.

Македонски



