
Фудбалерите на Арсими со победа го завршија настапот во шампионатот од ПФЛ откако попладнево во првиот дуел од последното 33.коло ја совладаа Струга на домашен терен со 1:0. Ова за Арсими беше 13.та победа во првенството и во моментов се пробија на петтото место на табелата.
Единствениот гол на натпреварот го постигна Армин Бесагиќ во 47.минута.
До крајот на дуелот немаше промени на резултати, а Струга првенството го завршува на третата позиција со 62 бода на третото место.
Денеска се игра и дерби дуелот меѓу Вардар и Шкендија (во тек), по кој на фудбалерите на Вардар ќе им биде предаден шампионскиот пехар.

Македонски



