Skip to main content

Успешна спасувачка акција на Кораб

Фото: ЦУК

Денес, преку Единствениот број за итни повици 112 беше примена пријава за повреден планинар на планината Кораб, кој поради повреда не бил во состојба да се движи, јавија од ЦУК.

По добиената пријава, Центарот за управување со кризи-РЦУК Тетово веднаш оствари координација со СВР Тетово, ПС Маврово и ЈП Национален парк Маврово, со цел брза и ефикасна интервенција на терен. Ренџерите од Националниот парк успешно го лоцираа повредениот планинар, кој бил во стабилна состојба, по што започнало негово безбедно спуштање кон село Жужње, велат од ЦУК.

Таму бил преземен од екипа на Итната медицинска помош од Гостивар за понатамошен транспорт и медицински третман. Благодарение на брзата реакција и навремената координација на сите надлежни служби, повредениот планинар е безбедно евакуиран и во стабилна состојба.

Поврзани вести