
Двајца американски воени лица исчезнале во југозападен Мароко каде што учествувале во годишна мултинационална воена вежба во земјата, објави Африканската команда на САД (Африком).
Во соопштението се наведува дека војниците исчезнале во близина на градот Тан Тан, на полигонот Кап Дра, веднаш до Атлантскиот Океан, објави Гардијан.
САД, Мароко и други земји кои учествуваат во вежбата „Африкански лав“ почнаа операција за пребарување и спасување.
Инцидентот е под истрага и операцијата за пребарување е во тек“, се додава во соопштението.
Воената вежба почна во април и се спроведува во четири земји, вклучувајќи ги Тунис, Гана и Сенегал, а треба да заврши на почетокот на мај.
Вежбата „Африкански лав“, која се организира од 2004 година, е најголемата заедничка вежба на американската војска на континентот, а обично учествуваат високи воени претставници од САД и нивните најважни африкански сојузници.
Според американските воени претставници, вежбата служи како можност за зајакнување на регионалната безбедносна соработка и подготвеноста на силите на земјите учеснички за глобални кризи.

Македонски


