Skip to main content

Штетите од ниските температури се најголеми кај лозовите и овошните насади покрај реките Црна и Луда Мара

Драганчо Николов 

Лозовите и овошните насади во атарите на Росоман и селата Сирково и Камен Дол, Сопот, Паликура и Курија претрпеа најголеми штети од ниските мајски температури, вели Драганчо Николов, советник во Подрачната единица на Агенцијата за поттикнување на развојот на земјоделството во Кавадарци.  

Како што вели Николов за МИА, откако вчера земјоделци се пожалиле на последици од студеното време во мај, првичните сознанија од терен говорат дека најголеми се штетите покрај реките Црна и Луда Мара.

Се мисли на лозови и овошни насади во атарите на Росоман и селата Сирково и Камен Дол, Сопот, Паликура и Курија. Повидливи се последиците кај лозјата, отколку во овоштарниците“, појаснува Николов.

Тој истакнува дека во наредните денови ќе се направат теренски согледувања на штетите од временските неприлики, што не се карактеристични во овој период од годината.

Николов препорачува соодветно третирање со биостимулатори и потхранување за да се намали стресот кај лозовите и овошните насади. 

Поврзани вести