Skip to main content
L-ARBeGHvXI

Шок во Приштина: За Косово да добие кандидатски статус потреба е согласност од сите земји-членки на ЕУ

Вршителот на должноста шефица на Канцеларијата на Европската Унија (ЕУ) во Косово, Ева Палатова, денеска изјави дека Косово не може автоматски да добие статус на кандидат за ЕУ ​​и дека мора да ги убеди сите 27 земји-членки.

Таа одговори на изјавата на косовскиот премиер Аљбин Курти, кој на прославата по повод Денот на Европа во Приштина побара од ЕУ да му додели статус на кандидат за Косово и да отвори преговори за прием во членство.

Facebook / Albin Kurti
Facebook / Albin Kurti

„За Косово, ЕУ не е далечна реалност, ниту збир стандарди што треба да се исполнат. Таа е природен дом на нашето општество, рамката на нашите реформи и иднината на нашите граѓани, која веќе е избрана. Повеќе од 80 проценти од нашите граѓани го поддржуваат членството во ЕУ, што е едно од највисоките нивоа на поддршка насекаде во Европа“, рече Курти.

Палатова, покрај констатацијата дека Брисел не може едноставно да додели статус на кандидат, изјави дека уште едни парламентарни избори, кои ќе се одржат во Косово точно еден месец од сега, повторно треба да бидат слободни, фер и инклузивни

Поврзани вести