Skip to main content

Рама: Албанија доби „зелено светло“ за отворање на Кластер 4

Албанскиот премиер Еди Рама објави дека земјата добила „зелено светло“ за отворање на Кластерот 4 во преговорите за членство во ЕУ.

„Албанија е незапирлива. Уште еден важен чекор кон членството во ЕУ. Албанија денес доби зелено светло за отворање преговори за Групата 4 поглавја – Зелена агенда и одржлива поврзаност“, напиша Рама на Фејсбук.

Кластерот 4 ги вклучува поглавјата 14 – Транспортна политика, 15 – Енергија, 21 – Трансевропски мрежи и 27 – Животна средина. Рама рече дека оваа одлука на земјите-членки на ЕУ ја потврдува подготвеноста на Албанија и конкретниот напредок на нејзиниот пат кон европското семејство. „Ова е уште еден чекор кон Албанија 2030, горда земја на Европската Унија“, додаде Рама.

Поврзани вести