На 09.01.2025 во 22.56 часот во Полициската станица Берово, било пријавено дека на регионалниот пат с.Владимирово-Берово, патничко возило „опел фронтера“ со пехчевски регистарски ознаки, управувано од М.В.(45) од с.Чифлик, пехчевско, излетало надвор од коловозот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот, констатирани во Клиничката болница Штип. Извршен бил увид од увидна екипа на ОВР Берово.