Skip to main content

Бендевска: Нашите очекувања се големи, но со голема љубов може да успееме

Поддршка за реконструкцијата на Владата изрази пратеничката Весна Бендевска од Движењето ЗНАМ, која истакна дека државата бара сериозни реформи и посветеност. 

– На крајот на денот, сакам како потпретседател на Движењето ЗНАМ да кажам дека ќе дадеме апсолутна поддршка за оваа реконструкција. Нашите очекувања се големи, но ние знаеме дека со напорна работа, чесна работа и со многу љубов за оваа држава, она што ѝ недостигаше на Македонија во последните седум години пред 2024 година, можеме заедно да успееме. Така што, со среќа нека им е на новите членови на Владата – истакна Бендевска.

Поврзани вести