Skip to main content

Кошта: Проширувањето на ЕУ е најважна геополитичка инвестиција

– Претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта, по денешниот состанок во Париз на Коалицијата на подготвените, изјави дека проширувањето на Европска Унија кон Украина, Молдавија и Западен Балкан е најважна геополитичка инвестиција.

– ЕУ е целосно обединета во својата стратегија за мир преку својата моќ – зајакнување на поддршката на Украина, зголемување на притисокот врз Русија и подготовка на патот кон праведен и траен мир, објави Кошта на платформата Икс.

Тој и му се заблагодари на претседателот на Франција, Емануел Макрон, кој беше домаќин на состанокот на Коалицијата на подготвените за унапредување на поддршката за Украина.

– Проширувањето е клучна безбедносна гаранција – треба да го продолжиме и забрзаме овој процес. Проширувањето останува најважната геополитичка инвестиција, со Украина, Молдавија и Западен Балкан, посочи Кошта. 

Утре во Брисел ќе се одржат Меѓувладини конференции за пристапување во ЕУ со четири земји-кандидатки: Црна Гора ќе затвори уште две поглавја, со што бројот на затворени поглавја ќе се зголеми на 18 од вкупно 33, Албанија ќе ги затвори првите три поглавја, а Украина и Молдавија ќе ги отворат преговорите во кластерот 6.

Поврзани вести