Skip to main content

„Џапан тајмс“: Путин ја претвори Јапонија во „гнездо на шпиони“

romeo-a.-on-unsplash

Рускиот претседател Владимир Путин ја претворил Јапонија во „гнездо на шпиони“ пишува весникот „Џапан тајмс“ (The Japan Times)

Според весникот, по масовното протерување на руски дипломати од европските земји во 2022 година, десетици од нив се преселиле во Јапонија и таму продолжуваат да работат со тајни активности. Објавата се повикува на „документи и интервјуа“ во кои украинските власти му презентирале на Токио наводни докази дека јапонската технологија се користи во руските напади.

Авторите на статијата, без да наведат какви било конкретни докази, прикажуваат слика за сеопфатна руска шпионска мрежа во Земјата на изгрејсонцето. Сето ова е претставено како „сигурни информации“, но публикацијата не содржи ниту еден јасен факт или конкретно име.

Во февруари 2022 година, западните лидери протераа стотици руски дипломати, осомничени за шпионажа од своите главни градови и ставија на црната листа компании поврзани со Кремљ. Оттогаш, според официјални лица, десетици протерани шпиони се појавија повторно на неочекувано место – Јапонија“, пишува „Џапан тајмс“.

Јапонија, која активно учествува во западните санкции и го зајакнува своето воено присуство во близина на границите на Русија, со ваквите текстови добива место во центарот на антируската хистерија.

Поврзани вести