
Претседателот на Европскиот совет, Анонио Кошта, ќе присуствува на самитот на НАТО утре и во среда во Анкара.
Кошта и претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, во среда ќе се сретнат со домаќинот, претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган.
Посилна Европа значи посилно НАТО. Поголемите инвестиции во одбраната се претвораат во реални капацитети, поотпорна одбранбена индустрија и поголема подготвеност. Како што Европа ја зајакнува својата одбрана, ја зајакнува Алијансата и нашата колективна безбедност. Во денешниот сè попредизвикувачки свет, партнерството ЕУ-НАТО е поважно од кога било – рече Кошта.
Самитот на НАТО ќе се фокусира на инвестициите во одбраната, индустриското производство, поддршката на Украина и пошироките регионални прашања, се наведува во соопштението од Европскиот совет.
Европската Унија и НАТО се блиски стратешки партнери со години и делат бројни заеднички безбедносни интереси. Во светлината на руската војна против Украина, двете организации одиграа клучна улога во поддршката на одбраната на украинскиот суверенитет и се решени да продолжат со оваа акција со цел да се постигне праведен и траен мир, се додава во соопштението.(МИА)

Македонски



