
Македонската кадетска кошаркарска репрезентација со пораз од Бугарија (62-102) го заврши настапот на Европското првенство од дивизијата „Б“, кое во изминатите денови се одржува во Македонија. Во натпреварот за 13. место, Бугарија беше подобар противник и заслужено стигна до победата. Македонските кадети не успеаја да го повторат пристапот од претходните натпревари, па противникот постепено ја зголемуваше предноста во текот на целиот меч.
За оваа генерација, сепак, шампионатот претставуваше значајно европско искуство и можност за настапи против квалитетни селекции. Нашите млади кошаркари одиграа серија натпревари кои ќе бидат важна основа за нивниот понатамошен развој и напредок.
Македонскиот тим настапот го заврши на 14. место во конкуренција на 22 репрезентации.
Финалето на шампионатот што се одржува во нашата држава е вечерва во 21 часот во Гевгелија, а играат Хрватска и Исланд, двете репрезентации кои беа во истата група со македонскиот тим

Македонски


