Skip to main content

Победа против Исланд: Браво за нашите млади кошаркари

 Македонската јуниорска кошаркарска репрезентација на Македонија ќе игра за 13. место на Европското првенство од дивизијата „Б“, денеска славеше против Исланд со 86:74.

Утре во дуелот за 13.место противник ќе ни биде Велика Британија, која со 67:55 го совлада Азербејџан. Почетокот на дуелот е во 11:30 часот.

По само десет минути игра македонскиот тим имаше негатива од 16 поени (9:25). Сепак во следната четвртина избраниците на селекторот Миодраг Тодоровиќ направија комплетен пресврт и вториот период го добија со 35:12 и на полувреме беше 44:37 за Македонија.

Во вториот дел противникот повторно имаше минимална предност од 57:54, но македонските јуниори со серија од 6-0 дојдоа до нова предност. Во последната четвртина со сигурна игра во нападот ја зачуваа предноста.

Григориј Ѓорѓевиќ со 18 и Ѓорѓи Цветковски со 17 поени беа најефикасни во македонскиот

Поврзани вести