Skip to main content

Реал ослабен, Хезоња замина во НБА

 Хрватскиот кошаркар Марио Хезоња по пет сезони во Европа се враќа во НБА лигата откако потпиша договор со Кливленд. Тој во 2015 година беше избран на драфтот како пик број пет од Орландо и настапуваше во Орландо, Њујорк и Портланд и потоа реши да се врати во Европа.

По враќањето настапи во Уникс, а во летото 2022 година мина во редовите на Реал Мадрид, каде беше еден од најдобрите кошаркари. Но, неговото заминување навивачите го сметаат за „некоректно“ бидејќи во последен момент го напушти „кралскиот клуб“ и потпиша едногодишен договор со Кливленд во износ од три милиони долари. Сепак дозволата за заминување во висина од еден милион долари Хезоња сам ја платил и тоа било сторено последниот ден.

Реал Мадрид го потврди заминувањето на Хезоња, а играчот во објавите на социјалните мрежи воопшто не го спомнал досегашниот клуб, што особено придонело за револт кај навивачите на Реал Мадрид, кои сметаат дека токму во нивниот клуб тој ја „оживеал“ својата кариера