Skip to main content

Мурињо го сака Влаховиќ во Реал!

Српскиот репрезентативец Душан Влаховиќ е еден од најбараните фудбалери ова лето, бидејќи неговиот договор со Јувентус истече и тој е слободен да избере нова средина, а според последните информации, Реал Мадрид е заинтересиран за него.

Како што објави шпанскиот портал „Дефенса Централ“, Жозе Мурињо е заинтересиран за српскиот централен напаѓач, кого го гледа како идеална опција да биде резерва и често да го поддржува Килијан Мбапе во нападот на Реал.

Како што е наведено, Специјалниот сака класичен „тенк“ во нападот, односно деветка што доминира во шеснаесетникот, како што отсекогаш имал во своите шампионски тимови, а Влаховиќ совршено се вклопува во тој профил.

Поврзани вести