
Ноќва во 00:10 часот, полициски службеници од ОВР Кавадарци го лишија од слобода У.С.(26) од Кавадарци, постапувајќи по претходна пријава дека на кејот во Кавадарци, тој физички ја нападнал неговата 16-годишна партнерка од Кавадарци.
Во присуство на претставник од Центарот за социјални работи, земена е пријава од малолетничката, а У.С. е задржан во полициска станица, известен е јавен обвинител и по документирање на настанот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок, соопштува МВР.

Македонски


