Skip to main content

Бел штрајк на цариниците? Вака не било никогаш на „Евзони“, а на „Градина“ се чека и пет часа

Грчките царинарници можеби не се во званичен штрајк, но во бел се сигурно. Мислам дека дури и намерно се изживуваат на овие пеколни температури, вели Лидија Горачинова-Илиева, професорка на Универзитетот во Штип.

Два часа во колона, се движиме со брзина на желка и сѐ уште не ја гледаме границата. Да ти преседне одморот и да не ти текне уште еднаш да отидеш во Грција, вели таа откако вчера се најде во огромните колони на граничниот премин „Евзони“.

На коментарите дека е продолжен викенд и стандард за лето, додава дека на одмор во Грција била сигурно над 30 пати, но вака не било.

Жалби за бавното поминување на границите на групите за патување се споделуваат и од Срби, кои пак, за да ја избегнат гужвата на македонско-грчката граница, одбрале да патуваат преку Бугарија.

Бел штрајк е вид на тивок протест каде работниците строго ги почитуваат законите и правилата, но работат бавно и без ентузијазам, намалувајќи ја продуктивноста.

Грчките граничари уште од почетокот на воведувањето на новиот систем преку синдикатите им дадоа до знаење на властите дека обемот на работа е драстично зголемен и нехуман.

Поврзани вести