Skip to main content

Убаво е да се видат 47 среќни семејства, со овие проекти решаваме животни прашања, вели Николоски

Грижата за ранливите категории семејства е приоритет на Владата. Со овие проекти решаваме животни прашања на голем број семејства низ цела Македонија, вели министерот за транспорт и вицепремиер Александар Николоски по распределувањето 47 социјални станови во Дебар.

Навистина е убав момент кога гледаме 47 среќни семејства кои од денеска добиваат свој дом и можност за посигурна иднина. Станува збор за квалитетно изграден објект наменет за најранливите категории граѓани – деца без родители, корисници на гарантирана минимална помош, лица погодени од елементарни непогоди, лица со попреченост и нивните семејства, како и самохрани родители со малолетни деца. Драго ми е што оваа политика продолжува и што денеска во Дебар можеме да видиме семејства кои ќе започнат ново животно поглавје во сопствен дом, вели Николоски.

Потенцира дека во Општина Дебар се реализираат 22 инфраструктурни проекти, кои значително ќе придонесат за подобар квалитет на живот и локален развој.

Еден од нив е и булеварот кој ќе ја поврзе оваа станбена зграда. Ќе продолжиме да ја поддржуваме општината и да инвестираме во проекти што носат подобри услови за живот за сите граѓани, вели Николоски.

Поврзани вести