Skip to main content

Погоден танкер во Ормуска Теснина

Агенцијата за поморски трговски операции на Велика Британија (УКМТО) соопшти дека во Ормуска Теснина, во близина на брегот на Оман е погоден танкер од „непознат проектил“.

Моторот на бродот е оштетен, но нема повредени луѓе и причинета еколошка штета.

Инцидентот се случи околу 20 километри североисточно од оманскиот град Лима.

Иран бара бродовите да ја користат рутата низ Ормуска Теснина долж неговиот брег, повторувајќи дека само рутата одредена од Техеран е безбедна за пловидба.(МИА)

Поврзани вести