Skip to main content

Русинката го држи за рака: Насмеани влегуваат во зградата, а потоа тој го изнесува нејзиното тело спакувано во куфер

Камерите на зградата во која, како што се сомнева, била убиена Људмила Туркова Константинова (28), како што се гледа на снимките до кои српски „Курир“ ексклузивно дошол, го забележале моментот кога руската државјанка последен пат жива влегла во станот од кој никогаш повеќе не излегла.

На снимките од безбедносните камери се гледа и моментот кога, наредниот ден, осомничениот турски државјанин К. Е. (25), според сомнежите, го изнесува од зградата нејзиното тело, спакувано во куфер.

На првата снимка се гледа како руската државјанка и К. Е. на 26 јули во 5:30 часот наутро, насмеани и држејќи се за раце, влегуваат во влезот на зградата. Камерите потоа, наредниот ден, на 27 јули во 6:56 часот, снимиле како К. Е. излегува од зградата и влече куфер зад себе.

Пријателката која го пријавила исчезнувањето навела дека последен пат се слушнала со Људмила на 25 јули околу 23 часот. Нејзината мајка изјавила дека со ќерката се допишувала околу 23:30 часот истата вечер и дека таа ѝ кажала оти излегува со пријателки, како и дека ќе ѝ се јави следниот ден. Сепак, од таа вечер Људмила повеќе никому не му се јавила – потсетува соговорникот на „Курир“.

Станот во зградата пред која, како што се сомнева, ја снимиле камерите е местото на злосторството, односно местото каде што, според сомнежите на истражителите, државјанин на Турција ја убил, а потоа нејзиното тело го спакувал во куфер и го одвлекол до каналот Визељ во Падинска Скела.

Снимките може да ги видите на овој линк

Поврзани вести