Skip to main content

Не можете ни да претпоставите каде ќе игра Салах

 Репрезентативецот на Египет и поранешен член на премиерлигашот Ливерпул, Мохамед Салах сè уште нема клуб, иако во последно време е поврзуван со трансфер во Турција. Бешикташ беше поврзуван со трансфер на Салах, но сумата што ја побара играчот од 15 милиони евра по сезона се премногу за клубот од Истанбул.

Но, сега се појави Трабзон со двегодишен договор и 17 милиони евра по сезона. Клубот од брегот на Црно море сака да ја прекине доминацијата на клубовите од градот на Босфор и да ја освојат повторно титулата по четири години. Последен пат беа прваци во сезоната 2021/22.

Финансиската понуда сигурно е добра, но и други фактори ќе влијаат на конечната одлука на Салах, кој истакнал дека ќе има консултации со семејството.

Поврзани вести