
На Светското првенство според денешната програма ќе се одиграат последните три натпревари од 1/16 финалето. На сите три натпревари нема да се појави ниту една европска репрезентација.
Први ќе истрчаат репрезентациите на Австралија и Египет. Натпреварот се игра во Далас, а очекувањата се дека би требало мала предност да има Египет, но доколку повредата го спречи нивниот капитен Мохамед Салах да се појави на теренот тоа може да биде проблем за африканската репрезентација.
На полноќ е почетокот на дуелот меѓу светскиот првак Аргентина и најголемото изненадување Зелено ’ртските острови, кои се најголемото изненадување. Аргентина е апсолутен фаворит, а ќе имаат и голема поддршка од трибините бидејќи дуелот се игра во Мајами, каде настапува и нивната прва ѕвезда Лионел Меси (Интер Мајами).
Победникот од овој натпревар во осминафиналето ќе игра против поуспешниот од дуелот Австралија / Египет.
Во 03:30 часот по полноќ во Канзас Сити ќе се игра можеби најнеизвесниот натпревар Колумбија против Гана со што ќе биде спуштена завесата на првата нок аут фаза. На овој дуел реално фаворит нема. Победникот од натпреварот во осминафиналето ќе игра против Швајцарија

Македонски



