Skip to main content

Тешко повредена возачка која излета од пат кај клучката за Штип-Кочани

MИА архива

Вчера во 16:00 часот во СВР Штип е пријавено дека на регионалниот пат с.Крупиште – Пробиштип кон клучка со експресниот пат Штип – Кочани патничко возило „опел корса“ со струмички регистарски ознаки управувано од 43-годишната К.П. од с.Ангелци, општина Василево изгубило контрола и излетало од патот.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила К.П., констатирани во Клиничка болница Штип.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Штип.

Поврзани вести