
Денес, во одредени делови од светот ќе се случи целосно затемнување на сонцето. Овој феномен ќе ги опфати северните и западните делови на планетата, од Северниот Пол и Гренланд, преку Исланд, до Шпанија и некои делови од Балеарските Острови, каде што Месечината целосно ќе го покрие дискот на Сонцето. Во поголемиот дел од Европа, затемнувањето ќе биде делумно.
Според НАСА, максималното времетраење на затемнувањето ќе биде 2 минути и 18 секунди над Гренландското Море, додека ширината на вкупната сенка ќе биде околу 290 километри.
Астрономите ги повикуваат граѓаните да не гледаат директно во Сонцето за време на делумното затемнување без заштитни очила со официјален сертификат ISO 12312-2.
Според експертите, затемнувањето не треба да се гледа преку двоглед, телескопи или други оптички уреди без соодветна заштита.Гледањето директно во Сонцето без соодветна заштита може да предизвика сериозно и трајно оштетување на видот, предупредуваат експертите.
Делумно затемнување на сонцето ќе биде видливо во Македонија. Феноменот ќе започне во 19:29 часот, додека максималната фаза ќе биде околу 19:35–19:36 часот, непосредно пред зајдисонце.

Македонски


