Skip to main content

Белингам е повреден, Англија ослабена против Аргентина

Во среда Англија и Аргентина ќе го играат второто полуфинале на Светското првенство во Атланта со почеток во 21 часот. Според аргентинските медиуми најдобриот фудбалер на ривалот и двојниот стрелец во четвртфиналето со Норвешка, Џуд Белингем е повреден.

Како се ближи почетокот на натпреварот така во англискиот табор има загриженост поради состојбата на фудбалерот. Проблемите се најверојатно присутни бидејќи играчот по дуелот со Норвешка во микс зоната се држел за левото рамо со гестови на болка, а и во разговорот со селекторот Томас Тухел во неколку наврати се држел за рамото.

Белингем проблеми со рамото имаше и во март 2025 година на натпреварот меѓу Реал Мадрид и Рајо Ваљекано по незгоден пад. Во јули минатата година поради лошо заздравена повреда мораше да му биде извршена и операција.

Англискиот репрезентативец игра одлично на Мундијалот и лидер на својата репрезентација, а постигна и шест голови.

За англискиот селектор Томас Тухел, проблем може да биде само отсуството на Џордан Хендерсон (скршена рака), додека се очекува Деклан Рајс да биде подготвен, иако на дуелот со Норвешка имаше здравствени проблеми

Поврзани вести