Skip to main content

Новиот менаџер на Ливерпул се фати за работа

Новиот менаџер на Ливерпул Андони Ираола денеска ја одржа првата прес-конференција од преземањето на менаџерската позиција на клубот од Енфилд. 44-годишниот Шпанец ќе се обиде клубот да постигне подобар пласман од ланската сезона, кога екипата заврши на петата позиција во Премиер лигата.

Ираола пред Ливерпул беше менаџер на Борнмут од 2023 година и успеа во клубот да имплементира висок пресинг, прогресивен стил на фудбал, фокусиран на брзо напаѓање.

„Црвените“ досега потпиша договори со двајца фудбалери: централниот бек Жереми Жаке од Рен и крилниот напаѓач Виктор Муњоз од Осасуна.

–  Веќе потпишавме со двајца играчи, но ни требаат повеќе играчи. Го знаеме тоа. Клубот работи. Јас, како тренер, себично, сакам играчите да бидат тука од првиот ден за да тренираат во претсезоната. Но, знаеме дека фудбалот не функционира така, изјави Ираола.

Шпанскиот тренер го наследи Арне Слот, но ќе треба да го приспособи тимот да игра без Мохамед Салах, кој последните години беше првата ѕвезда на тимот. Проблем за него ќе бидат и повредите на играчите: Уго Екитике, Конор Бредли и Џовани Леони.

Ливерпул новата сезона во премиер лигата ја започнува на гостински терен против Њукасл на 23 август, а во рамки на подготовките ќе игра натпревари со Сандерленд, Врексам, Лидс, Монако и Комо