
Македонскиот фудбалски шампион Вардар е во Финска каде утре го игра реванш дуелот од првото коло од квалификациите од Лигата на шампионите. Ривалот КуПС на првиот дуел во Скопје постигна победа од 2:0, затоа „црвени-црните“ ќе имаат тешка задача за да изборат пласман во следната рунда од Лигата на шампионите.
Тренерот Кристијан Фабијани ги има посакуваните играчи на располагање за втората средба. Сега има појасна слика за КуПС, кој во Скопје постигна два гола од две дефанзивни грешки на црвено-црните.
Важно ми е на овој натпревар да го смениме менталитетот. На првиот дуел до голот игравме добро, но примивме гол во најлош можен момент пред крајот на полувремето. Предноста на противникот е што се во натпреварувачки ритам. Сакам да видам еден организиран Вардар кој ќе се бори на теренот за секоја топка, изјави тренерот на Вардар Кристијан Фабијани

Македонски



